Header Ads

(Видео) „Просто спри“ на Соња Немска и Тони Стораро ги воодушеви обожователите


“Просто спри“ е насловот на долгоочекуваниот нов музички проект на Соња Немска кој е во дует со Тони Стораро, а веќе ја доби својата премиера по Планета Тв.

"Гаранција за хит нема, како што нема ни рецепт за хит. Јас сум се обидела низ сите овие години да претставам песни, но за оние од кои најмалку очекував се претвораа во хитови. Кога пак очекував многу и сум давала се од себе си и песната ќе ја направев по вкусот на публиката, понекогаш резултатите не беа онакви какви што сакав да бидат. Но, јас работам со познати композитори и во иднина планирам да продолжам да работам само со такви." сподели пејачката во ексклузивното интервју за нас. „Кога ми беше тешко во животот, забележав дека музиката е таа што ме извлекува од неволјите и така ги преживувам работите полесно“.


Новото парче е по музика и аранжман на  Јорданчо Василковски - Оцко, додека пак љубовниот текст го напиша Мариета Ангелова. Режисерот и сценарист на видеото е Николај Скерлев, кој овој пат за локација го одбра познатиот замок „Вљубен во ветерот“ во Равадиново, Бугарија.

Песната веднаш предизивика  интерес кај публиката, за која нејзините обожователи споделија дека после неверојатниот хит од минатата година „Тя е Топ“, ова е нејзината најдобра песна последниве неколку години. Но, ексклузивно ви откриваме дека Соња Немска подготвува и уште една нова песна, која треба да излези до крајот на оваа година.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.