Header Ads

(Видео) Тања Савиќ го најави својот прв албум во соработка со KDM EXCLUSIVE!


Тања Савиќ и нејзината екипа од  KDM EXCLUSIVE вредно работат на последните подготовки на нејзиниот најнов музички албум кој треба да излезе наскоро на музичкиот пазар.

Она што е интересно околу новиот албум, е дека за неговите потреби пејачката во целост го промени својот тим на соработници, со што на своите обожователи ќе им понуди нешто ново и доста различно од сѐ што досега има издадено.
Имено, „ZA LJUBAV NISI“ е првата песна која излезе на 4 – ти јуни со која Тања реши да ги освојува музичките топ листи во регионот, а парчето за само неколку дена има над 6.000.000 прегледи во YouTube. Кон неговата гледаност придонесува и силниот емотивен текст за кој  е заслужен композиторот на песната, а тоа е Филип Младеновиќ.

Додека пак на 18 – ти  јуни премиера направи песната „HITNA POMOC“, која исто така ги освои срцата на публиката, која со нетрпение го очекува новиот албум на познатата српска пејачка, за кој се верува дека ќе биди прав погодок.

Во прилог, погледнете за што станува збор:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Милош Стокиќ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.