Header Ads

Преслава и Денис Теофиков станаа жртви на хакери во Инстаграм


Преслава важи за една од најпознатите бугарски пејачки не само во соседна Бугарија, но и низ цела Европа, со свои турнеи во Америка, Канада и Австралија.

Но, за жал овие дена нејзиното име стана мета на злобни коментари низ интернет пространството, откако се рашири веста дека направила операција на носот, со што стана жртва на хакери во Инстаграм. Имено, човечката злоба нема крај и секогаш сите брзаме да се замешаме во туѓиот живот, кој не треба да не интересира.

Да се потсетиме исто така нејзината колешка Джена во 2011 година стана жртва на медиумите со слична ситуација. Едно не е јасно. Зошто обрнуваат толку внимание на такви мали работи, кои не треба да не интересират? Нели секој има право што сака да прави со својот живот? Тие се изведувачи кои требаат едноставно да не интересираат само со музиката која ја прават.
Поради тоа Преслава одлучи да се обрати кон јавноста со видеото кое го постира во нејзината официјална страница во Фејсбук, споделувајќи дека нејзиниот официјален профил во Инстаграм со 500.000 обожователи беше хакнат, а потоа и новиот профил кој го направи, додека пак со нејзнио име фигуираат десетици профили низ интернет.

“Се извинувам на сите кои ме сакаат и сакаат да ме следат. Ќе направам се што е возможно да го вратам стариот профил или ќе направам нов, кој ќе има сигурна заштита“. – категорична е таа.

Се надеваме дека правдата ќе си го најди своето место и оние кои го кршат Законот ќе бидат соодветно казнети, затоа што покрај Преслава, жртва стана на хакнат профил и нејзиниот колега  Денис Теофиков.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.