Header Ads

Над 1.000.000 прегледи за „Болка моя“ на Цветелина Јанева за само неколку часа од премиерата


Цветелина Јанева на 6-ти јуни ги изненади своите обожователи со премиерата на долгоочекуваната песна Болка моя“, која официјално ја претстави по телевизија Планета и во официјален канал во YouTube – PlanetaOfficial.

Песната е по музика на композиторот Даниел Ганев, со текст на Анастасија Мавродеива и Росен Димитров. Видеото е дело на режисерот Салох Сали, со снимател Бруно Амарал, а веќе доби меѓународно признание и стана едно од најкоментираните видеа во YouTubе, а  е снимано во провинцијата Аликанте во Шпанија, каде дел е реализирано во La Muralla Roja (Црвениот ѕид) кое е  дело на шпанскиот архитект Рикардо Бофил и истиот воодушевува со својот стил.
Повторно за нејзиниот изглед се погрижи стилистот Добромир Кирјаков со кој Цветелина соработува долги години, а овој пат таа блеска во новата колекција на Шанел.

Имено, за  само неколку дена од излегувањето на најновиот проект на Цветелина, парчето стана тотален хит. Не само што веќе влезе во плејлистите на познатите клубови и дискотеки низ Бугарија, но и неговата гледаност во YouTube надминува 1.000.000 прегледи.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.