Писмо на месецот
Септември Драги наши читатели, Со доаѓањето на есента, да ги оттргнеме мислите од грижите што секојдневно не оптоваруваа изминатиот период и да уживаме во убавите мигови кои ни ги дава животот. На 6-ти септември го прославуваме нашиот 7-ми роденден. По тој повод, имаме подготвено низа изненадувања, од кои прво ќе ви претставиме роденденско интервју со познатата пејачка од соседна Бугарија, а во останатите екслузивните интервјуа кои ви ги имаме подготвено, очекувајте покрај музиката нашите главни гости да зборуваат отворено за се она што нив ги прави среќни. Ќе видите дека среќата лежи во малите нешта кои постојано не опкружуваат, но само треба да ги забележиме и да им отвориме врата да влезат во нашиот живот. Покрај богатите содржини со музика, изминатите месеци ги збогативме и со фотосесии на дел од најпознатите музички изведувачи на Балканот кои ќе ги најдите во делот галерија, а ексклузивно преслушајте ги во делот албуми новите музички „бисери“ на вашите омилени изведувачи. Ние ќе си посакаме нови убави страници, исполнети со море од насмевки, тон среќа, океан од берикет и љубов до небото и назад. Ви благодариме што сте со нас! Уживајте во секој ден од животот! Главен и одговорен уредник, адвокат м-р Наташа Секуловска Мај, Јуни, Јули, Август Драги наши читатели, Во последно време само што започна да стивна интересот за
вестите поврзани со новиот вирус, наречен коронавирус, а луѓето со радост го
дочекаа олеснувањето на превентивните мерки, повторно се соочуваме со нова
криза од оваа светска пандемија. Сепак, ризикот не е исчезнат, само она што
беше забрането, сега стана пропишано согласно законските прописи во
нашата држава. На нашите читатели што во овие мигови не се чувствуваат
толку храбро, веруваме дека нашиот сајт и овој пат ќе биди нивна
поддршка, оддишка и убаво поминато време што го резервирале за себе.Музиката е
таа која не спојува, не обединува и сега е совршен момент да и се насладиме.
Ние сме тука со нашите секојдневни објави. Покрај богатите содржини со музика, изминатите месеци
ги збогативме и со фотосесии на дел од најпознатите музички изведувачи на
Балканот кои ќе ги најдите во делот галерија, а
ексклузивно преслушајте ги во делот албуми новите
музички „бисери“ на вашите омилени изведувачи. Пуштете
музика, останете во своите домови и нека магијата на песната за миг ве понесе
во идеалниот свет за секој од Вас. Главен и одговорен уредник : адвокат м-р Наташа Секуловска Март/Април Драги наши читатели, Веќе цела година речиси целосно сме изолирани еден од друг поради брзото ширење
на вирусот и едноставно е ставен во „застој“ нашиот живот, тука е музиката која
ни напоменува да бидеме разумни и ни кажува дека во нашите срца нема простор за
паника, гнев и омраза. Очекувајте интервју со попфолк дивата
Емилија, која официјално ќе го претстави својот најнов албум „Акула“ на
македонската публика, а во него ќе откриете многу детали сврзани и околу
нејзиното секојдневие и како го поминува времето во овој тежок период за сите
нас. Во делот Галерија, погледнете ги најновите
фотосесии на вашите омилени изведувачи, а во делот Албуми преслушајте ги
албумите кои се најнови на музичкиот пазар. И нека овој месец не греаат топлите сончеви зраци (
кои со нетрпение ги очекуваме), насмевките на нашите сакани и не заборавајте да
уживате во избраните хитови од вашите омилени музички ѕвезди секој ден. Главен и одговорен уредник : адвокат м-р Наташа Секуловска Фото: Галена Февруари Темата
за љубовта дополнително станува актуелна во време кога се одбележува Денот на
вљубените, кој по обичај во нашите простори се појави, како што се појавува и
љубовта – тивко, неповикана, сама. Таа е која нас постојано нe инспирира на и овие
два месеци во годината редовно ја ставаме во самиот фокус. Дали љубовта,
воопшто може да се учи, е прашање што често пати се поставува. Ние велиме ДА! Таа е за сите нас водечка сила и личен генератор на се она што го правиме. Наша движечка сила. Дали ќе е љубов кон животот, кон човек, дали кон семејство, животно, тоа е за сите нас водечко. По тој начин дишиме и се движиме. Среќата лежи во малите нешта кои постојано не опкружуваат, но само треба да ги забележиме и да им отвориме врата да влезат во нашиот живот. Покрај богатите содржини со музика, овие два месеци ги збогативме и со екслузивни фотосесии на дел од најпознатите музички изведувачи на Балканот кои ќе ги најдите во делот галерија, а ексклузивно преслушајте го во делот албум првиот музички бисер на Ваља – „Фолкорна огърлица“. Уживајте во секој ден од животот. Музиката е таа што не зближува, затоа што за неа исто како љубовта не познава граници. Главен и одговорен уредник - адв.м-р Наташа Секуловска Јануари Драги
наши читатели, 2020-та
година ќе ја запомниме по многу работи, меѓу кои и фактот дека треба да уживаме
во секој миг од животот, затоа што истиот е непредвидлив и носи разни бури во
животот. Нека во Новата Година да помагаме, да бидеме сочувствителни,
срдечни, љубезни, внимателелни, тоа е нашата цел во овие тешки мигови. Големите очекувања, како што вели народот, секогаш раѓаат разочарувања, но поговорката гласи дека и ако сонуваме за убави и големи работи, ние ќе имаме можност нив и да ги доживееме.Ние ви ветуваме дека ќе се покажеме во најдобро светло досега, така да очекувајте многу изненадувања од нас оваа година! Ќе ви посакаме 365 убави страници исполнети со море од насмевки, тон среќа, океан од здравје, берикет и љубов до небото и назад. Да сте живи и здрави, вие и вашите семејства, се најубаво од целиот тим на #EstradaWorld. Со почит, Главен и
одговорен уредник, Адвокат
м-р Наташа Секуловска Септември ![]() Со доаѓањето на есента, да ги оттргнеме мислите од грижите што секојдневно не оптоваруваа изминатиот период и да уживаме во убавите мигови кои ни ги дава животот. На 6-ти септември го прославуваме нашиот 6-ти роденден. По тој повод, имаме
подготвено низа изненадувања, од кои прво ќе ви претставиме роденденско
интервју со познатата пејачка од соседна Бугарија – Бони, а во останатите екслузивните
интервјуа кои ви ги имаме подготвено, очекувајте покрај музиката нашите главни
гости да зборуваат отворено за се она што нив ги прави среќни. Ќе видите дека
среќата лежи во малите нешта кои постојано не опкружуваат, но само треба да ги
забележиме и да им отвориме врата да влезат во нашиот живот. Покрај богатите содржини
со музика, изминатите месеци ги
збогативме и со фотосесии на дел од најпознатите музички изведувачи на Балканот
кои ќе ги најдите во делот галерија, а
ексклузивно преслушајте ги во делот албуми новите музички
„бисери“ на вашите омилени изведувачи. Ние ќе си посакаме нови убави
страници, исполнети со море од насмевки, тон среќа, океан од берикет и љубов до
небото и назад. Уживајте во секој ден од животот! Главен и одговорен
уредник, Адв.м-р Наташа
Секуловска Јуни/ Јули/Август ![]() Драги наши читатели, Во последно време само што започна да стивна интересот за
вестите поврзани со новиот вирус, наречен коронавирус, а луѓето со радост го
дочекаа олеснувањето на превентивните мерки, повторно се соочуваме со нова
криза од оваа светска пандемија. Сепак, ризикот не е исчезнат, само она што
беше забрането, сега стана пропишано согласно законските прописи во нашата држава. На нашите читатели што во овие мигови не се чувствуваат
толку храбро, веруваме дека нашиот сајт и овој пат ќе биди нивна поддршка, оддишка и убаво поминато време што го резервирале за себе.Музиката
е таа која не спојува, не обединува и сега е совршен момент да и се насладиме.
Ние сме тука со нашите секојдневни објави. Пуштете музика, останете во своите
домови и нека магијата на песната за миг ве понесе во идеалниот свет за секој
од Вас. Главен и одговорен уредник Адв.м-р Наташа Секуловска
Мај
![]() |
Фото: Планета ТВ |
![]() |
фото: Планета ТВ |
![]() |
Галена |