Header Ads

(Интервју) Емануела: „Публиката ми дава многу љубов, но среќниот поглед на моите деца е незаменлив“

 


По повод 6-тиот роденден на вашиот омилен сајт, нашите изненадувања не запираат тука. Овој пат ви подготвивме интервју со една од најпознатите бугарски пејачки Емануела. Нејзината кариера започнува во 2006-та година со хитот „Ништо машко“ кој преку ноќ ја претвори во музичка ѕвезда. Емануела важи за пејачка која со својата харизма и талент ги освои срцата на публиката и до днес денес продолжува да биди едно од топ имињата во попфолкот во соседна Бугарија. Ексклузивно за нас сподели дека се уште е професионалец во своето поле на работа, но сепак е мајка и во овој момент нејзините приоритети се поделени.

Estrada World: Здраво Емануела. Вистинско задоволство е да бидете моја гостинка, затоа што добро сте и познати на македонската публика. Имено, вашата кариера може да се каже дека започнува од Македонија. Какви спомени имате од концертот во Охрид, од пред повеќе од десет години?

Емануела: Имам прекрасни спомени од таму. Беше се навистина прекрасно, почнувајќи од сцената, од начинот на кој ме пречекаа, потоа публиката, но вие имате и одлична храна, која беше превкусна.

Estrada World: Во овој момент се наоѓаме во една многу несигурна ситуација, поради т.н. пандемија Ковид 19. На Вас како ви се одрази тој принуден одмор?  

Емануела: Точно принуден одмор, затоа што јас сметам дека има одредени спекулации со тој вирус. Да вирус има, но не толку опасен за да има таква пандемија.

 

Estrada World: Вие бевте еден од изведувачите кои заедно со Галин и Роксана се боревте за отворањето на ноќните клубови повторно и успеавте во тоа. Навистина застанавте зад сите оние, кои се наоѓаат во тешка финансиска ситуација.

Емануела: Верувам во теоријата на заговор дека корона вирусот е средство за масовна манипулација, заради распределување на пари и власт на светско ниво. Исто така сум подржувач на правдата и секогаш ќе застанам зад настани од опшествено значење.

Estrada World: Дали сте правеле компромис со себе си во името на кариерата? Да запишувате песни кои не се по ваш вкус, но сепак да се сметат за актуелни?

Емануела: Сум правела компромиси може би поради продуцентите за да запишам песни на кои нив им се допаѓаат, а на мене не. Од пет години наваму не ми се случувало да правам такви компромиси, затоа што новите ми продуценти никогаш не посакаа такво нешто од мене.

Estrada World: Како успевате секогаш да сте толку различни на музички план? Како се раѓаат идеите за проектите и од што црпите енергија и инспирација?

Емануела: Сите песни ми се раѓаат спонтано. Зад секое еден проект имам различна енергија и емоција.Имам многу блиски пријатели до мене кои ми помагат многу. Во повеќето мои песни сум раскажувала мои истории или истории на мои пријатели. Едноставно работи блиски до работите кои се случуваат во животот на многу луѓе.

Estrada World: Ова лето го претставивте дуетот со Џија кон песната „Мамино синче“. Како стигнавте до идејата да запишете дует со неа. Задоволни ли сте од неговиот успех?

Емануела: Да ви кажам само дека го правиме ова интервју на прагот кога новата ми песна која се вика „Граници“ ќе биде факт, точно кога ова интервју ќе излезе. За прв пат се впуштам во проект со изведувач од соседна Грција. Еден дует кој е одлично музичко парче и се надевам ќе стани омилено и помеѓу македонската публика. Што се однесува до дуетот со Џија, го направив благодарение на Петар Петров и на големиот композитор Оцко со кој работам долги години се надевам ќе работиме одлично и во иднина.

Estrada World: Што ново им подготвувате на вашите обожователи?

Емануела: Се разбира дека подготвувам нови проекти, нови и инересни работи има околу мене, но ако кажам се, нема да биди интересно.

Estrada World: Со секој изминат ден, вашите песни собират се поголема популарност не само во Бугарија, Македонија, но и на целиот Балкан. Што ќе кажете во однос на овој факт?

Емануела: Балканската публика е многу темпераментна. Се надевам да ги радувам уште долги години со моите песни и наскоро да се видиме и во Македонија.

Estrada World: Тешко ли е да се биде мајка на две прекрасни деца и пејачка во едно исто време?

Емануела: Се разбира дека е тешко, но засега мислам дека се справувам. Целосно сум посветена на децата и на кариерата. Со правилно распределена програма, секогаш наоѓам време за се. Во моментов ги имам ограничено моите сценски и клубни настапи затоа што пред се сум мајка. Малиот мој син има голема потреба од мене, да играме заедно, да одиме во паркот, секој ден го носам и го земам од училиште, а и домаќинската работа нема крај (се смее), а јас ја работам со задоволство. Публиката ми дава многу љубов, но среќниот поглед на моите деца е незаменлив.

Estrada World:Песната од минатата година „Вечно сврзани“ се претвори во вистински хит кај нас. Повеќе ваши обожователи се прашуваат дали истата е автобиографска.

Емануела: Да, таа песна е автобиографска.

Estrada World: Подготвувате ли повторно нов музички албум, откако во текот на 2018-та година го пуштивте во продажба „Нотариално заверен“ и може да се каже дека се продава одлично и до ден денес, ако се има во предвид фактот дека издавањето на еден албум денес е луксузно нешто?

Емануела: Во Бугарија  е имиџ и луксозно нешто  да имаш албум. Јас лично сакам да имам барем една убава песна која ќе се слуша, отколку цел албум со песни кои нема да се слушаат.

Estrada World: Вашето име постојано го сврзат со скандали. Како реагирате на тоа?

Емануела: Во почетокот навистина се нервирав кога ќе прочитав ужасни измислици за себе си. После покрај борбата за родителските права исто така читав нереални работи. Иако тие работи кои ги читав беа порачани за да бидат така напишани, сепак ми беше тешко. Но, ги надминав. Категорично можам да кажам дека сега се забавувам од напишаното.

Estrada World: Македонската публика ја интересира дали наскоро ќе имате некој концерт кај нас, можеби после оваа пандемија?

Емануела: Немам покана ( се смее). Ако имам таква со задоволство ќе дојдам.

Estrada World:За крај, ви благодарам за оделеното време. Која е вашата порака за сите обожователи и читатели на Estrada World.

Емануела: Ви посакувам на сите да сте живи и здрави, бидете позитивни и слушајте убава музика, а на Вас да имате многу успеси и многу читатели.





Интервју : адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Дејан Величковиќ www.dvisualart.mk / Пајнер

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.