(Видео) Бони и Миа Михаела го претставија својот прв дует „Чакали“
Бони и нејзината ќерка Миа Михаела го претставија својот
прв дует, кој го носи насловот „Чакали“, а кој може да го погледнете во
официјалниот канал на пејачката во YouTube
- Boni (Official). Песната предизивика
лавина од коментари низ социјалните мрежи, со оглед на фактот дека е прва песна
на Миа Михаела, за која смело можиме да кажиме дека се справи одлично.
„Подготвувам нов
албум за кој ви спомнав, но уште не е готов. Во него сакам да вклучам и народни
песни. А, имам готови и други нови песни, но една веќе ми е целосно спремна и
да ја очекувате уште овој месец . Таа пак ќе има една забавна нота и носи многу
расположение и една порака кон сите оние кои си го прават животот сложен, да
престанат со тоа, и да започнат да уживаат во него“ – сподели за нас Бони пред
неколку дена во ексклузивното интервју.
No comments