Header Ads

(Видео)Анелија ги освои музичките топ листи со песната „Пие ми се“

 


Анелија после успехот на дуетот „Милиони“ со својот колега Денис Теофиков, издаде нова самостојна песна која ја подготвуваше подолг временски период и истата ја направи својата премиера по Планета Тв и во моментов се радува на одличен успех.

„Пие ми се“ е дело на композиторот Велисав Драганински, со текст изработен од страна на Мариета Ангелова, тимот кој е заслужен за многу хитови во почетокот на кариерата на Анелија. Видеото кое предизвика лавини од коментари низ социјалните мрежи е на режисерот Стефан Маринов - Buddubbaz Tape.

“Пораката на песната  е дека многу луѓе се чуствуваат сами и бегаат од реалноста. Секое нешто си има причина, но често пати гледам луѓе кои имаат сѐ, а по цела ноќ се несреќни и сами... тоа го почуствував и го пренесов низ песната“ - откри Анелија во емисијата „На кафе“.

За време на снимањето на видеото, пејачката сними и нова фотосесија со фотографот Теди Грозданов која екслузивно ви ја претствуваме во делот Галерија, а во прилог погледнете за што станува збор:


Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.