Header Ads

(Видео) Галена и Криско изненадија со втор неочекуван дует

 


Бугарската пејачка Галена важи за една од најстилните и најелегантните пејачки во соседна Бугарија, која изминативе неколку години има и свој моден бренд „Beyond“ заедно со нашиот дизјанер Борче Ристовски. Но, пред една седмица таа ги изненади своите обожователи и се вклучи во новиот сингл на Криско, кој е направен во стилот на попфолкот на 90-те години на минатиот век, а во него имавме можност да видиме многу комедија и ретро звук.

„Се надевам дека со Криско ве изненадивме пријатно, ве насмеавме и развеселивме од срце. Беше лудо, но така не сме се забавувале никогаш досега и сме задоволни од оваа кратка комедија. Благодарност кон Николаос Цитридис за неговиот предизвик и кон Криско и целиот тим. Оваа година за Хелоин решив да сум Гаља... во време во кое убавиот имиџ е сѐ, се бара доза смелост да се надминеш себе си по таков начин, затоа што каде и да не однесе животот, никогаш не треба да заборавиме од каде сме тргнале и да се гордееме со тоа.“- изјави Галена.


Во прилог, погледнете ја песната, а ќе имате можност да ја видите и нејзината премиера на живо во Комплекс „Приказките“ во градот Харманли овој петок, каде што
Галена е специјална гостинка:


Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.