Роксана: „Подготвувам дует на српски јазик со Вања Лакaтош“
Роксана која важи за една од најпознатите бугарски
пејачки, екслузивно сподели за нас дека ќе ги израдува своите обожователи со
нов музички проект до крајот на оваа година, иако во моментов во соседна
Бугарија има карантин поради пандемијата со Ковид 19 и не работат ни клубовите,
ниту пак дискотеките, но тоа не е пречка за оној кој сака да внеси малку музика
во тие сиви денови, тоа да го направи.
Имено, станува збор за песната „Спомени“ која се претвори
во вистински баладичен хит на 2019-та година и ги освои срцата на публиката, дека
ќе добие своја српска верзија. Големото изненадување е дека во овој балкански
проект ќе се вклучи пејачот Вања Лакатош и ќе го носи насловот „Казна“, а
песната ќе добие и свој видеозапис, а ние со сигурност сме сигурни дека ќе ве
воодушеви и вас, бидејќи кога два талентирани изведувачи ќе одлучат да направат
нешто заедно, тоа останува во времето.
Во прилог, слушнете ја песната „Спомени“:
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Роксана (лична архива)
No comments