(Видео) Емилија со мини-филм за средното музичко училиште во селото Широка лака
Телевизија „Планета Фолк“ го претстави краткиот филм за Емилија за средното музичко училиште за народни песни и инструменти во с.Широка Лака, Бугарија, кое е познато како село во кое се родила и започнала да се развива родопската песна . Потсетуваме дека пејачката беше ученичка во тоа училиште, а во јуни 2020-та година таа прослави 20 години од завршувањето заедно со своите соученици.
Емоционалните мигови од таа средба, ги
сподели Емилија во краток филм кој може покрај во програмата на телевизија
„Планета Фолк“ да го погледнете и во нејзиниот официјален канал во YouTube, а во него ве очекува
краток расказ од најаките спомени поминати во тоа училиште.
Режисер на видеото е Светослав Кркчичиски,
додека пак за монтажата се погрижи Иван Димитров - Torex. Во филмот ќе ја
слушните и песната која е химна на селото Широка Лака, а тоа е познатат
родопска песна „Бела съм, бела, юначе“ (Бела сум, бела јуначе) во изведба на
дивата Росица Пејчева.
Фото: Планета ТВ
No comments