(Видео) Менил Велиоски и Ариа во неочекувано добра комбинација
Менил Велиоски изненади со дует, овој пат со бугарската
пејачка Ариа, која е дел од најголемата музичка компанија „Пајнер“, а песната
која го носи насловот „Имаш све“ е целосно на српски јазик и може да ја гледате
по телевизија Планета, како и во официјалниот YouTube канал на телевизијата и до овој момент брои
над 300.000 прегледи.
Парчето беше запишано во Белград, Р.Србија во студиото на
Горан Радковиќ – Рале, во кој споменуваме дека се имаат снимано и најголемите
хитови на Индира Радиќ, Стоја и Неда Украден. Овој пат за песната беше задолжен
Клинтон Демировски, со учество на Ариа, додека пак текстот го напиша Бранислав
Глушач, а режисер на видеото е Виктор Антонов.
No comments