Header Ads

(Видео) Кирил Атанасов даде силен старт на сезоната со песната „Гледај ме“

Кирил Атанасов дава силен старт на есента со својата долгочекувана нова песна која носи наслов „Гледај ме“. Песната ја направи својата премиера по програмата на телевизија Планета, како и во официјалниот канал на телевизијата во YouTube – PlanetaOfficial и во неа со вокали се вклучува неговиот колега Борис Дали.

„Гледај ме“ е по музика и аранжман на композиторот Мартин Биолчев, додека пак текстот е дело на Јордан Гергов и Петја Радева. Режисер на видеото кое доби суперлативи од неговите фанови, за авторската игра е на режисерот Николај Скерлев.

„Мојот пат во „Пајнер“ започна пред една година и половина, време за кое мислам дека направив добри песни. Се радувам што моите предлози им се допаднаа на публиката и ги оценија, а со тоа станаа омилени на многу луѓе. Признавам дека никогаш нема да ја заборавам емоцијата која ме имаше опфатено околу подготовката и појавата на мојата прва песна по програмата на телевизија Планета – искрен е Кирил.

Во прилог, погледнете ја песната, за која веруваме дека ќе ви се допадне:


Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Планета ТВ


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.