(Видео) Лорена и Алисија мамат воздишки во песната „Яка е жена ти“
После мегахитот од претходната година „Грешка“,
бугарската пејачка Лорена пред неколку дена го претстави својот прв
дует со познатата бугарска попфолк дива
Алисија, кој носи интересен наслов „Яка
е жена ти“.
„Песната е еден многу квалитетен проект и како музика и како текст и како видео реализација и исклучително многу ме радува нејзиниот успех“. – сподели Лорена за нас.
Песната е дело на нашиот композитор Јоранчо
Василкоски-Oцко, со текст на Лора Димитрова, Александар Попов и Петар Петров.
Режисер на видеото, во кое имаме можност да ги видиме двете изведувачи во една малку поразлична светлина,
демонстрирајќи умерена доза на сексапил е дело на Станислав Христов – Стенли.
„Најважно е да се претстави квалитетна продукција.
Публиката има свој вкус и таа решава што ќе се слуша и смело можам да кажам
дека не е потребно да бидат познати автори, ние имаме многу талентирани
композитори и писатели. Повторно велам дека желбите на публиката се најважни и
од нив зависи колку едно парче ќе биде прифатено и затоа ние се трудиме да
предложуваме песни по нивни вкус“ – категорична е Лорена, а целото интервју со
неа може да го прочитате во делот Интервју.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива
No comments