Header Ads

Летни емоции и романтични сцени во новата песна на Румина


“Ти си тук” е новиот хит на позната бугарска ѕвезда на Ara Music – сексапилната Румина. Долгоочекувана беше премиерата на овој проект за обожавателите на пејачката, кои веднаш побрзаа да ја поздрават за прекрасниот текст и музика, но и за видеото кое носи летно расположение.


„За да не ја занемариш грижата за детето, а во исто време и работата која ја сакаш, навистина е потешко. Но, кога нешто правиш со љубов, работите одат напред и се остваруваат“. – сподели Румина за нас.

Имено, видеото е снимано во близина на Царево, градот Бургас на Црното Море, во кое учествува и младиот актер Жоро Руменов, познат по улогата на Лазар од серијата “Софија – ден и ноќ“.


За прекрасниот изглед на пејачката се погрижија  Анелија Марчева - шминка,   коса – Татјана Г, стајлинг -  Ива Атанасова, а само за неколку  часа песната која е дело на композирот Боби Павлов, со текст на новиот текстописец Костадин Милев предизвика голем интерес низ интернет пространството.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Ara Music 


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.