(Видео) Джена предизвика лавина од коментари со новата песна „Горкото момиче“
Джена, која немаше издадено нова песна од ноември месец
минатата година, кога започна да ги освојува музичките топ листи со хитот „Яко
ми е“, вчера во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube –
PlanetaOfficial ја претстави песната
„Горкото момиче“ .
Песната е по музика и текст на самата пејачка, во соработка со N.A.S.O и композиторот Радомир Кишев кои беа
задолжени за аранжманот на парчето, додека пак режисер на видеото е Виктор
Антонов. Видеото носи летно расположение и е во тон со сезоната, во кое имаме
можност да ја видиме Джена во едно секси издание и одлична форма, после породувањето со своето
прво дете Атанас Трети.
Во прилог, погледнете ја песната која успеа да предизвика многубројни коментари низ интернет пространството:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Викторија Сиракова
No comments