Header Ads

(Видео) Јунона ја изненади публиката со песната “Колко пъти”!


Без сомневање Јунона  е една од бугарските изведувачки,  која со своите песни ги освои срцата на публиката градејќи зад себе успешна кариера, пред сѐ со својот талент кој многупати е признаван и од страна  на нејзините колеги,  а ова лето ќе ги освојува музичките топ листи во регионот со своето најново музичко парче, кое носи интересен наслов  “Колко пъти”.

„Во почетокот на месец јуни ќе го презентирам и другиот музички проект со видеоспот, кој е дело на композиторот Николај Пашев, односно Diamonds Beat Production. Ќе ви откријам ексклузивно дека песната се вика „Колко пъти“ (Колку пати) и е по текст на Анастасија Мавродиева. Исто така, овие денови го добив и демото на нова  народна песна, на која чекам текст и таа е дело на Димитар Милев. И со композиторот Мартин Биолчев имаме започнато друг попфолк проект, кој се уште е демо и на него го очекувам текстот и се надевам кон крајот на ова лето да успеам да го реализирам  и него со видеоспот.“ – сподели за нас Јунона во ексклузивното интервју кое ни го даде пред неколку дена.

Нејзиното најново музичко пополнување е дело на  Diamond Beat Production во кое се вклучува и нејзиниот колега Борис Дали, додека пак спотот кој е повеќе од одличен е дело на Људмил Иларинов – Љуси, а во кој имаме можност да ја видиме изведувачката повторно во едно сексапилно издание, демонстрирајќи одлична фигура.

Во прилог, погледнете ја песната:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.