Header Ads

(Видео) Ваља ја продолжи хитовата серија со песната „Пиле мое“

Попфолк дивата Ваља, важи за една од најпознатите изведувачки на попфолк песни, но и на народни во соседна Бугарија, која поседува моќен глас што ѝ овозможува да пее разновидни музички стилови.

И покрај многубројните обврски околу својата ќерка и туристичкиот бизнис, таа наоѓа време и за нови музички проекти.

„Едноставно го организирам времето да можам да обрнам внимание на детето, дури и предавам по англиски јазик, затоа што го владеам јазикот на многу добро ниво и се разбира понекогаш имам пропусти, но сепак и јас сум човек ќе се изморам. Но, навистина се трудам да бидам насекаде. Да бидам добра мајка, да сум добра на сцената, да изгледам добро, да можам да тренирам за да им се допаднам на моите фанови, да сум со млад дух , во едно здраво тело...“ – сподели таа за нас во ексклузивното интервју кое ни го даде.
Додека пак, нејзиното најново музичко пополнување со кое ова лето ќе ги освојува музичките топ листи во регионот носи интересен наслов „Пиле мое“, а во него  се вклучува и нејзината колешка Јаница. Песната е по музика и аранжман на српскиот композитор Горан Ратковиќ – Рале, со текст на Валентина Крстева и Росен Димитров. Видеото е дело на Добромир Николов во кое имаме можност да ја видиме изведувачката повторно во едно одлично издание, демонстрирајќи и одлична фигура.

Јас секогаш сум задоволна од тоа кое го правам, затоа што го правам навистина од срце и доста избрано. Гледам да е нешто стилно  зз да остане во времето, да одговора на музичките тенденции. Секогаш има што уште да се посака, но најважно е дека песната се пее, луѓето ја знаат, која е дури и кој е нејзиниот изведувач, затоа што во денешно време се развиваат многу песни од разни имиња и се радувам што луѓето не не заборават , постојано ги потсетувам за себе си и никогаш не се наметнувам. – дополни таа. Македонската публика е исклучително емоционална. Настапите кои ми беа таму, сѐ едни од најзапамтените и луѓето - Македонците умеат да ги ценат  изведувачите кои пејат на живо, тие пејат со цело грло и од срце. Тоа е нешто неверојатно. За нив, нема значење  колку години си пејачка, колку си убава  или колку килограми си. Најважното е што можеш,а тоа е се што е потребно за еден изведувач да биде отценен“.

Во прилог, погледнете го нејзиниот најнов музички хит, кој само за неколку дена има повеќе од  300.000  прегледи во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube.

Автор - Наташа Секуловска

Фото - Планета Тв




No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.