(Фото) Кога годините се само бројка - Глорија го прослави роденденот во одлична форма!
Бугарската попфолк дива Глорија, вчера ( 28 - ми јуни) го
прослави својот 46-ти роденден. Познатата пејачка избра да прослави со пријатели
во елитен ресторан во Софија, откако се врати од својот одмор во Грција.
Поздравите по поводот нејзиниот роденден започнаа уште во
доцните часови на 27-ми јуни, кога администраторите на нејзината официјална страница во Фејсбук, објавија специјално изработена слика со желби за
уште поголеми успеси, а кон поздравите се надоврзаа и нејзините обожователи од
целиот свет.
Имено, за Глорија изминатата година беше доста
интензивна, па сега е моментот да се оддаде на релаксација на Островот
Тасос и Ситхонија (Грција), кои сигурно се едни од најубавите места во светот, поради
богатата историја, култура, плажи и природата. За радост на љубителите на
женската убавина, на повеќето фотографии кои ги сподели таа на социјалните
мрежи, позира во костим за капење и демонстрира совршено тело.
Но, изненадувањата не завршуват тука. Ексклузивно ви
откриваме дека подготвува нова песна, која ќе биде претставена со видеоспот, а
се очекува во печат да излезе и нејзината автобиографија.
Тимот на #EstradaWorld и посакува Среќен роденден со желби за се најубаво и уште поголеми успеси!
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива
No comments