(Видео) Бони прослави 20 години на сцената со новата песна „Време е“
Бугарската пејачка Бони, по повод својот 20-ти јубилеј на
музичката сцена ги изненади пријатно своите обожователи ширум целиот Балкан со
новата песна „Време е“ која е во дует со Емир Џуловиќ и е кавар на големиот српски
хит од минатата година „Cipele“ на Емир и Андреана Чекиќ.
Долгоочекувана беше премиерата на овој проект за обожавателите
на пејачката, кои веднаш побрзаа да ја поздрават за прекрасниот текст и музика,
но и за видеото кое носи голема емотивна порака.
Имено, бугарскиот текст го напиша поетесата Мариета
Ангелова, а потсетуваме дека песната е дело на композиторот Саша Лазиќ, со
аранжман на Аца Красманович. Видеото кое е во тон со песната е изработено од HOT
SPOT MEDIA со режисерот Горан Матијевиќ.
Јубилејот Бони го прослави на 11 – ти јуни во клубот
Plazza Dance Centar во Софија, каде што ја поздравија многу колеги од Бугарија
како Тони Стораро, Софи Маринова и нејзиниот сопруг Гринго, Лијана, Илијан,
Борис Дали, додека пак од Србија специјално дојдоа Емир Џуловиќ, Джани, Слаџа, Радован и
други.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива
No comments