Елена Јовческа неуморна - најавува нови изненадувања и албум!
Елена Јовческа - Фотосесија 2019 |
Елена Јовческа, нашата амбасадорка на музиката овој
период е доста активна на сцената, работејќи интензивно на нови песни. После
прекрасната фотосесија која ја претстави и песната „Не ме допирај“, таа сними
уште две други песни.
Имено “Љубовта не родила” е насловот на дуетската песна
на фолк пејачката и нејзиниот колега Далибор Даки Ѓошиќ. Тие веќе снимија и
видео запис кој се очекува да излезе во најскоро време, а снимањето се одвиваше
во селото Прибилци, Демир Хисар.
Елена Јовческа и Далибор Даки Ѓошиќ - „Љубовта не родила“ |
Елена Јовческа и Далибор Даки Ѓошиќ - „Љубовта не родила“ |
„Мислам дека направивме еден одличен спот. За тоа се
погрижија и ИН Продукција, но и младите играорци од КУД “Моминок” Прилеп.“ –
сподели Елена.
Во меѓувреме беше претставена песната „Ајде бато“ со која
Елена го најавува својот нов музички албум, од која таа има големи очекувања, а
ја радува фактот што за овој краток
период откако ги промовираше песните, веќе се бараат на нејзините настапи.
„Песната „Ајде бато“ е доста весела и мислам дека веќе се
проби кај публиката. Но, тука не запирам. Подготвувам многу изненадувања за
сите оние кои ја следат мојата работа“ - додава
таа.
Елена Јовческа - „Ајде бато“ |
Елена на 8-ми јуни настапи во дискотеката Палма во
Швајцарија, заедно со легендата Шемса Сулјаковиќ и Џогани каде што се бараше
карта плус за влез, а оние што присуствуваа имаа можност да се насладат на
вистинска македонска забава, каква што ние само македонците знаеме да направиме,
за што сведочат многубројни слики и видеа од настапите.
Настап во дискотека „Палма“, Швајцарија
Во прилог погледнете ги песните:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива
No comments