Header Ads

Ангела Николовска - девојката која воодушевува со својот талент


Ангела Николовска од Крива Паланка ќе ве исполни со восхит. Имено, 17-годишната девојка воодушевува со својот талент и не дозволува ништо да и попречи да ја следи својата својата најголема страст – музиката.

На нејзините мини концерти, организирани со поддршка од страна на Министерството за култура на нашата држава, публиката во Куманово, Гевгелија и во Скопје ја проследи со воодушевување, кога настапи на пијано и ги изведе познатите дела на Л.В.Бетовен, Ф.Лист, Ф.Шуберт, Ф.Шопен.
Ангела со сигурност ќе стани една од нашите најпознати виртуози на пијано, после познатиот Симон Трпчески. Невозможно е нејзиниот настап да не ве остави рамнодушен, а таа без сомение е девојка која со своите вешти прсти умее да направи пријатна атмосфера.


Во прилог погледнете за што станува збор:

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива



No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.