Header Ads

Четири ѕвезди на телевизија Планета со премиери на нови песни!

Ексклузивно ви откриваме дека четири од ѕвездите на телевизија Планета, ќе ги израдуваат своите обожователи со нови песни.

Емануела прва во интернет пространството сподели фраза  од нејзината најнова песна - “Изплаках си очите на раздяла, след теб ме мислеха за полудяла... Soon!”, придружена со кадар од видеото која премиера се очекува наскоро, после хитот „Скъпото се плаща“ и дуетот со Илијан „ Я се успокой“, додека пак сексапилната Татјана замина на островот Кипар во Грција, каде што ќе го сними своето најново видео кон новата песна која е дело на композиторот Даниел Ганев.
„Навистина ми е тешко и не сакам да брзам  да пушам песна. Во моментот имам неколку проекти врз кои работам, со сигурност во почетокот на летото, затоа што сега сепак сме средината на месец мај и подоцна  ќе го презентирам новиот ми проект. Работам доста и со многу други автори, од кои некои се веќе чисто нови за мене, а некои се едни од најдобрите во Бугарија и не сакам да грешам бидејќи немам право на грешки после песната  „Записано е в сърцето ми“ и ќе се потрудам и овој пат навистина да ги изненадам обожователите, со нешто убаво, како со последната песна“ – сподели Татјана за нас во екслузивното интервју кое ни го даде пред неколку седмици.
Исто така, тука изненадувањата не завршуваат. Джена, која нема издадено  нова песна од ноември месец минатата година, кога започна да ги освојува музичките топ листи со хитот „Яко ми е“, сподели кадар од нејзината најнова песна, која премиера ќе биде за брзо време. А, сите обожователи на Карлос уште овој понеделник (24.06) ќе може да уживаат по Планета Тв во премиерата на неговата најнова песна, која носи наслов “По-дълбоко”.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ



No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.