Header Ads

(Видео) Јаница повторно на врвот со песната “Няма как”


Јаница е едно од водечките имиња во музичката индустрија во соседна Бугарија. Нејзиното име веќе петнаесет години е синоним за успешност и талентираност, редејќи хитови песни кои оставија своја трага низ времето, а ова лето ќе ги освојува музичките топ листи во регионот со своето најново музичко парче, кое носи интересен наслов  “Няма как”.

„Јас сметам дека имам потреба од промена, бидејќи доста години сум на музичката сцена и не сакав да се променувам, сакав да си бидам она што сум, инаку сега пак сум си јас, само што сум малку попровокативна. И навистина луѓето добро ја прифатија таа моја промена. На прво место се чувствувам многу среќна, нели тоа е факт што ме радува. Веќе сум посигурна во себе си и поздраво газам на земјата и сум професионално зрела, знам дека уште можам да постигнам. Низ годините ми беше тешко да стигнам до тука и можам слободно да кажам дека поминав долг и тежок пат и знам дека не ми беше лесно, но кога човек е амбициозен, ова е доказ дека порано или подоцна ќе успее. Јас успеав и резултатите се повеќе од задоволителни“. – сподели Јаница за нас во ексклузивното интервју кое ни го даде.
Нејзиното најново музичко пополнување е по музика композиторот Даниел Ганев,  додека пак текстот е соработка помеѓу Анастасија Мавродиева и Росен Димитров. Провокативниот видеоспот го изработи Георги Марков, во кој имаме можност да ја видиме изведувачката повторно во едно сексапилно издание, демонстрирајќи и одлична фигура.

„Се се одржува со правилен хранителен режим, убава храна. Исто така можам да ти потврдам дека пред некое време започнав да јадам така доста поспецијални храни, кои исто така добро се одразуваат и на внатрешната убавина“ – дополни таа.

Во прилог, погледнете го нејзиниот најнов музички хит, кој само за неколку дена има повеќе од 1.300.000 прегледи во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.