Header Ads

Факт е првиот музички филм посветен на бугарската мега ѕвезда - Ивана!


Бугарската мега ѕвезда Ивана оваа година прославува двоен јубилеј, имено 20 години на музичката сцена и свој 50-ти роденден.

"Големата" дама од малиот град, започна различна претстава за попфолкот и успеа за сите овие години да го запиши своето име со златни букви во историјата на жанрот.


Ова е потврдено не само од фактот дека таа е една од најнаградуваните изведувачки во историјата на овој жанр, но и со нејзините концертни настапи, со кои таа блеска цели 20 години и не остави рамнодушен ниту еден обожавател на попфолк музиката.

По тој повод, телевизија „Планета“ подготви музички филм со наслов “Същата и не съвсем”, во кој Ивана ја има главната улога. 20 години љубов, вечни хитови, со многу емоции и безброј средби со публиката.  


„За еден ден целиот мој живот тргна во друга насока, откако ја испеав на шега песната „100 патрона“. Тогаш мислев само да продолжам да пеам по рестораните со мојот бенд, а не да градам кариера.Не мислев да станувам ѕвезда, но луѓето решија друго ...“ – сподели таа за почетокот на својата кариера.

Бидејќи ова е нејзина јубилејна година, таа има подготвено многу изненадувања, меѓу кои специјално на музичкиот пазар на почетокот на оваа година се појави новиот  албум кој носи наслов  “Ивана – същата и не съвсем – 20 години на сцената”. Во него ќе ја откриете „пејачката на народот“ онаква каква што сите ја знаеме, ширејќи љубов и пријателство низ своите песни, бидејќи музиката нема граници!
Во прилог, погледнете го целиот музички филм:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.