Header Ads

(Видео) Теодора сними спот во Лас Вегас



Во почетокот на 2019-та години, бугарската музичка дива Теодора направи ударно враќање на музичката сцена , а пред неколку дена го претстави својот нов проект „Страх ме е от любовта“, во ефирот на Фен Тв.

„И овој пат одбрав да снимам балада, затоа што ми се омилени, а оваа ми е посeбно убава затоа што ми лежи на срце“ – сподели за нас Теодора.
Песната е дело на композиторот Дидо Калпаков, со текст на Јордан Гергов. Видеото е снимено во Лас Вегас – омилениот град на пејачката, која неколку години живее во САД. Во него специјално учество  зема и познат актер од Лас Вегас - Mark Justice, а дел од сцените се реализирани во срцето на градот, но и во познатата туристичка атракција 7 Magic Mountains ( 7-те магични планини) во пустината Невада, кои се избоени во различни бои.

„Беше многу интересно. Сакам да и се заблагодарам и на компанијата Olena Z Films, посeбно на нивната директорка Олена, затоа што се прекрасни професионалисти со кои се работи со големо задоволство, брзо и лесно“- дополни Теди.

Во прилог,погледнете ја песната:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Diapason Records 

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.