Header Ads

(Видео) Кога успехот е загарантиран - Погледнете го вториот дует на Емилија и Денис Теофиков!



15 дена после премиерата на хитот кој ја „крена“ на нозе цела Бугарија – песната  “Акула” на пејачката со ангелски глас – Емилија и Денис Теофиков, своја премиера направи и вториот дел од мега проектот , имено музичкото парче  “Тръгвай си”.

Оваа песна е продолжение на претходниот дует, кој повторно предизвика голем интерес кај публиката,  пред се поради незаменливата мелодија, емоционалниот  текст, но и  видеото кое е еден вид на мини-серија. Очигледно е дека формулата за успехот е трудот, упорноста и љубовта кон она што го правиш. Тимот кој е заслужен за успесите на двата дуети е Diamond Beat Production, кој ја изработи музиката и аранжманот на песните, потоа Анастасија Мавродиева која го напиша емоционалниот текст во кој ќе се пронајдат многу вљубени парови, а режисерот Виктор Антонов, со камерманот Радослав Гочев ја носи титулата за најдобар спот направен во соседна Бугарија.
Во прилог, погледнете за што станува збор:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.