Header Ads

(Видео) Џулија и Кристијан Кирилов го промовираа нивниот прв дует „Ти си“


Во новиот број на емисијата “Автограф” по Планета Тв, гостуваа  најслатката двојка како што ги определуваат бугарските медиуми, имено пејачката Џулија и актерот Кристијан Кирилов.

Ова е нивно прво заедничко појавување пред музичката телевизија, а поводот е премиерата на нивната прва заедничка песна која носи наслов „Ти си“, a e запишана по идеја на Кристијан.
“И споделив на Џулија дека од мал имам желба да направам песна. Основниот двигател да се појави оваа песна беа нашите фанови. Имено, кога ја пуштивме нашата прва слика во социјалните мрежи, луѓето започнаа да прашуваат дали подготуваме заеднички проект, било филм, серија или песна. И го кажав тоа на Џулија и одлучивме да запишеме дует“ – сподели Кристијан.

Музиката и аранжманот на песната  “Ти си” се на Даниел Ганев, додека пак текстот е дело на Петја Радева. Видеото е создадено од страна на два режисери Георги Марков и Виктор Хаджи, а е по сценарио на самиот актер Кристијан Кирилов.
“Мојата стратегија е таква и не е задолжително да пушташ песни на два  месеци. Може, само ако наидеш на убави песни. Но, според мене треба да се заложува на квалитет, а не на количество. Тоа го кажувам од искуство, затоа што после песната „Оп – оп“ имаше застој од моја страна се до пуштањето на дуетот, затоа што немав добра песна за да им предложам на моите обожователи. Секој си ја знае својата работа и си има своја гледна точка на гледање и начин на изразување. Отворена сум за соработка со различни композитори, но само ако ми предложуваат песни кои мене ми се допаѓаат“ дополни  отворено Џулија.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.