(Видео) Тања Маринова: „Продолжувам да правам песни кои произлегуваат од мојата душа“
Тања Маринова веќе неколку месеци е дел од продукциската
музичка куќа во соседна Бугарија – „Пајнер“. После успешната прва песна „Ще ме
помниш“, младата изведувачка ја претстави и својата втора песна која носи
наслов „Спомените те убиват“.
Во неа специјално учество зема и нејзиниот колега
Джордан, а екипата која ја создаде е Велислав Драганински – музика и аранжман, додека
пак текстот е на Александар Попов и Петар Петров. Видеоспотот го изработи Људмил
Иларинов – Љуси.
„Се надевам песната ќе ви се допадне, затоа што планирам
да продолжам да правам песни кои произлегуваат од мојата душа и тоа ќе биде мојата насока во
иднина“ – изјави Тања пред камерата на Планета Тв.
Во прилог погледнете ја:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments