Header Ads

(Интервју) Јунона: Наскоро очекувајте ја мојата нова песна „Колко пъти“!



Без сомневање Јунона  е една од бугарските изведувачки,  која со своите песни ги освои срцата на публиката градејќи зад себе успешна кариера, пред сѐ со својот талент кој многупати е признаван и од страна  на нејзините колеги. Самата таа признава дека одамна ја избрала музиката за своја професија и верува дека со време ќе успее да ги  реализира сите свои цели.

Здраво Јунона. Пред сѐ поздрав за сите убави песни кои ги направи последните неколку години. За сите оние, кои не го следеле твојот почетокот на кариерата, ќе ни раскажеш ли како одлучи да станеш пејачка?

Здраво на сите. Јас всушност пејам откако се сеќавам за себе си, затоа што потекнувам од музичко семејство. Што се однесува до професионалниот старт, тоа беше кога имав 15 години и пеев по ресторани во мојот роден град Казанлак и во неговата близина, заедно со група. Всушност така и започнав да се занимавам со оваа професија. Имено, кога наполнав 20 години работев во странство, повторно по ресторани со бугарска група во Германија и Швајцарија, а откако се вратив од Швајцарија во Бугарија, потпишав Договор со компанијата „Пајнер“, а тоа беше на 7 - ми декември 2006 година.

Што ти претстои во блиска иднина, сега откако успешно ја започна 2019-та година со новата песна?

Во почетокот на месец јуни ќе го презентирам и другиот музички проект со видеоспот, кој е дело на композиторот Николај Пашев, односно Diamonds Beat Production. Ќе ви откријам ексклузивно дека песната се вика „Колко пъти“ (Колку пати) и е по текст на Анастасија Мавродиева. Исто така, овие денови го добив и демото на нова  народна песна, на која чекам текст и таа е дело на Димитар Милев. И со композиторот Мартин Биолчев имаме започнато друг попфолк проект, кој се уште е демо и на него го очекувам текстот и се надевам кон крајот на ова лето да успеам да го реализирам  и него со видеоспот.
Пред два месеци со Кирил Атанасов ја претставивте песната „В друг живот“, која за кратко време им стана омилена на публиката. Како се роди идејата за таа соработка со твојот млад колега?

Јас многу се радувам дека песната наиде на одличен прием кај публиката и јас тоа го гледам и на моите настапи, затоа што луѓето веќе ја знаат таа песна и ја пејат. Имено, идејата се роди за време на запишувањето на друга наша песна со Кирил, балада, затоа што му се допаѓам како изведувачка, а не запозна нашиот колега Здравко Мандажиев. Тој ми се јави и ми рече обрни внимание на тоа дете, многу му се допаѓаш како пејачка и направете нешто заедно. Потоа, ми се јави и композиторот Мартин Биолчев и ме замоли и тој да запишам нешто со Кирил и додека ја запишувавме другата наша балада која се уште не е излезена, Кирил ми предложи да ја запишеме оваа песна, која била негова авторска, а мене ме гледал во неа како добро пополнување со глас и така тогаш не обрнав внимание на тоа, но после два месеци по записот на другата балада, разговаравме и повторно го преслушав демото на песната која тој ми ја прати и така се реализира „В друг живот“. Што се однесува до неговиот дел во песната, тој покасно тој дел го измисли и го запиша. А, јас сметам дека се направи еден одличен проект.
Не сметаш ли дека е време да издадеш еден попфолк албум или пак народен албум?

Ќе ви откријам дека и попфолк и народен албум планирам да издадам, кои  ќе бидат или во едно CD или ќе направам два албуми, но засега ја чекам да се заврши народната песна и да се реализира и видеото за кое ви спомнав кое ќе излези во почетокот на јуни месец и тогаш ќе започнам интензивно со работа по албумите.

Ти одлично исполнуваш и народни песни, така да последните неколку песни се примија одлично кај публиката. Да очекуваме ли повторно такви песни од тебе оваа година?

Секако дека да. Јас работам на собирање на народни песни за мојот албум кој ќе излези оваа година.
Имаш ли омилена македонска народна песна?

Јас во емисијата „Автограф“ по телевизија Планета ја испеав песната „Сите пејат, а јас тагувам“ и таа песна многу ја сакам.

Тешко ли ти е да бидеш мајка и пејачка истовремено?

Навистина е тешко. Затоа што секогаш кога се посветуваш на  едното, тоа е за сметка на другото. Јас, како што и знаете студирам на факултет кој веќе го завршувам на Универзитетот во Пловдив и уште ми останаа два испити и ќе дипломирам. Искрено тоа ми беше најтешката комбинација во изминативе четири години. Затоа што сѐ си бара посвета и постојано патување, но таква ни е работата. Се радувам што мојата ќерка има толеранција и секогаш има разбирање кон мојата професија и не се противела. Исто така ќе ви откријам дека таа се пресели тука во Софија кај мене за да учи и тоа за мене е доста полесно, за да можам да се посветам на неа и на мојата работа.
Твоите обожователи коментираат дека си поубава од секогаш во твоите видеоспотови, но забележав промена и јас во надворешниот изглед. Можеби точна е изреката дека „жените се како виното, колку повеќе време поминува, толку се поубави“...

Ви благодарам од срце. Се надевам дека е така. Имено, не правам никакви специјални третмани и се надевам со годините тоа кое го кажавте да е вистина.

Во што се мери за тебе среќата за да имаш исполнет живот?

Тоа е во насмевката на моето дете, но и постигнување на целите кои си ги имам поставено.  Но, најважно е сите околу мене да се живи, здрави и среќни.
Дали во блиска иднина  да те очекуваме тука во Македонија?

Јас искрено се надевам, затоа што кај Вас публиката доста добро не прима и не познава и се надевам да ви гостувам.

За крај, голема благодарност за оделеното време. Која е твојата порака кон сите читатели на Estrada World?

Сите бидете живи и здрави, среќни и насмеани. Од срце ви посакувам убаво лето и до идни средби.

Интервју: Наташа Секуловска/ Estrada World
Фото: Планета ТВ
     Дизајн: Дејан Величковиќ www.dvisualart.mk

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.