Роксана изрази незадоволство од одлуката на Слави Трифунов да се повлечи од јавноста
Роксана, која на бугарската музичка сцена се појави пред
осум години вчера јавно на нејзиниот
профил во Фејсбук, изрази незадоволство од одлуката на Слави Трифунов, кој одлучи
после 19 години да се повлечи од јавниот живот.
„Тажна сум и ми е криво, а вооедно и не сакам да
поверувам дека емисијата во која јас „заблескав“ како пејачка, повеќе нема да
се емитува на тв екраните после цели 19 години. Имено, 19 години и милиони
мигови на љубов, среќа, вистини, солзи, разочарување, средби, победи и многу смешки.
Емисија легенда создадена од најголемиот за мене во историјата на шоубизнисот
во Бугарија – музичарот, актерот, пејачот, водителот, но пред се големиот човек
– Слави Трифунов. Ви благодарам од срце г-дине Трифунов за тоа што поверувавте
во мене и ми дадовте шанса и ја отворивте вратата на големата сцена за мене“ –
сподели таа.
Потсетуваме дека во интервјутото кое Роксана го имаше дадено
за нас, пред извесно време сподели за почетоците на нејзината кариера и кој се
ја подржувал во тој период:
„Сите ме поддржуваа во моето семејство и се радуваа за
мене. Моите браќа, моите родители, мојот син и моите пријатели, уште во првото
шоу "Стани попфолк ѕвезда" во кое учествував во Шоуто на Слави
Трифонов, каде всушност го добив и уметничкот псевдоним Роксана. Слави Трифонов
е мојот кум и тој одлучи да се викам
така. Тој е човекот кој ми ги отвори вратите кон големата сцена за мене и ми го
покажа патот по кој треба да одам. До тогаш јас бев само Антоанета Линкова,
девојка од малиот град Кнежа што сакаше да го оствари својот сон да пее на
големата сцена. Потоа, во реалното музичко шоу "Гласот на
Бугарија" ја добив љубовта на целa Бугарија. Не победив, но бев
финалистка, за тоа и моите обожаватели ме наградија со наградата -
омилена на народот. Статуетката е во форма на CD, стаклена и зазема
почесно место во мојот дом. Во овој формат ја сретнав Ивана која ми покажа како
треба да стои една ѕвезда на сцената и да блеска, да биди себе си. Таа ме
подржуваше многу и во тешкиот момент за мене кога почина мајка ми, таа е
човекот кој ме исправи на нозе и ми даде да разберам дека треба да живеам за
моето дете и луѓето што ме сакаат. Ми рече „Посвети го овој талент на мајка ти,
исправи се и направи вистинска и достојна кариера во нејзина чест, таа ќе се
гордее со тебе таму некаде во небесниот рај“. Потоа се сретнав со г-дин
Димитров и потпишав договор со фирма Пајнер“.
No comments