Header Ads

(Интервју) Татјана: „Немам право на грешки после хитот „Записано е в сърцето ми“ !


Татјана е една од најсексапилните бугарски пејачки, која македонската публика ја има освоено уште во далечната 2003 година. Во моментов таа  е едно од водечките имиња во музичката индустрија во соседна Бугарија. Нејзиното име веќе долги години е синоним за успешност и талентираност, редејќи хитови песни кои оставија своја трага низ времето. Ексклузивно, за нас како македонски медиум, бугарската попфолк дива ни открива детали сврзани околу нејзините идни музички проекти, но и раскажува како се родила идејата за нејзиниот голем хит „Записано е в сърцето ми“, кој излезе на почетокот на оваа година.

Здраво Татјана. Се радувам што си повторно моја гостинка. Пред сѐ честитки за сите убави песни кои ги направи последните неколку години. Се чуствуваш ли веќе готова за еден самостоен концерт?

Здраво. Повторно се радувам што имаме повод да си позборуваме. Да, навистина последната година и оваа исто така, работев засилено и се радувам дека на луѓето им се допаѓа она кое го создадов. На оваа етапа кога станува збор за самостоен концерт, бидејќи имајќи во предвид дека во Бугарија работите многу потешко се случуваат, јас не планирам да направам, затоа што на оваа фаза се имам насочив кон средби со моите обожователи по клубови и собири на големите празници низ целата страна и странство.

Твојата новата песна  „Записано е в сърцето ми“ слободно можам да кажам дека ги надмина очекувањата на сите во позитивна смисла на зборот. Како се роди идејата за неа?

Изненадувањето не е само на Вас, туку е и за мене, затоа што песната „Записано е в сърцето ми“,не очекував да создаде толку голема еуфорија околу неа, затоа што при создавањето на моите песни кои смело можам да кажам дека 99%  авторски, секогаш го давам најдоброто од себе си на 100%. Имено, врз овој проект многу поработив и како музика и како текст и создавањето на тој одличен видеоспот, ме прави  навистина  среќна дека оценката е толку висока, дури би кажала дека по мислењето на моите обожователи и слушателите на попфолк музиката тоа е најсилнатата песна во мојата кариера и навистина ми е задоволство што оваа песна за брзо стана омилен хит на слушателите. Имено ќеф ми е уште повеќе, затоа што текстот е позитивен, љубовен имајќи во предвид дека ние сме навикнати во песните да има некоја љубомора, омраза, нешто да е попровокативно, но во овој проект се беше многу позитивно и убаво и се радувам дека многу луѓе се пронајдоа во неа.
Што да очекуваме од тебе во блиска иднина, сега кога успешно ја објави 2019-та година со новата ти песна?

Навистина ми е тешко и не сакам да брзам  да пушам песна. Во моментот имам неколку проекти врз кои работам, со сигурност во почетокот на летото, затоа што сега сепак сме средината на месец мај ќе го презентирам новиот ми проект. Работам доста и со многу други автори, од кои некои се веќе чисто нови за мене, а некои се  едни од најдобрите во Бугарија и не сакам да грешам бидејќи немам право на грешки после песната  „Записано е в сърцето ми“ и ќе се потрудам и овој пат навистина да ги изненадам обожователите, со нешто убаво, како со последната песна.

Минатата година со Adnan Beats ја  претставивте песната „Мамасита“,  која за кратко време се претвори во вистински хит. Како се роди идејата за таа неверојатна соработка?

Да, тоа беше доста поинтересен и различен проект затоа што моите обожоавтели знаат дека низ годините јас не сум се вклучувала во други песни или да правам дуети и идејата беше доста импулсивна со Аднан.Тој е доста интересен млад рапер, затоа што тој и самиот се определува како рапер, не како пејач и интересен е во музичките води. Едноставно и сосема интересно се случи нашето запознавање и така и тој ми предложи неколку негови песни, но ете „Мамасита“ беше мојот фаворит и заминав во неговиот град, затоа што тој живее доста подалеку од Софија и таму ја запишавме песната која е целосно негова, како по музика, така и по текстот и таа ми една од силните песни од минатата година, која во моментов има над 4 милиони преглдни во Јутуб и  е доста различна и мислам дека одлично ни се совпаднаа и гласовите. Тој е многу задоволен од проектот, како и јас, а обожователите ни се радуваа на таа песна и за мене е чест што имав можност да работам со еден интересн и млад изведувач кој доправа треба да се покажи во музиката.
Точно пред година песната "В Инстаграм съм ти любима“  имаше своја премиера. Како стигна до идејата да пуштиш песна во доста поразличен стил, од сето она што досега сме имале можност да го слушнеме од тебе?

Јас не би кажала дека таа песна е многу, многу поразлична од мојата линија на песни, со оглед на фактот дека јас до овој момент имав една определена линија на песни и нели секој изведувач се разликува на некој начин со проектите, со изгледот и сметам дека песните кои ги создадовме низ годините со композиторот Јорданчо Василкоски – Оцко е многу значајна за фановите и го истакнува мојот стил. Тука повторно работев со Оцко, ние не сме само колеги, туку и станавме и пријатели низ годините, тој многу добро ме познава како карактер, харизма и човек и можеби работата со него ми е полесна и му се доверувам. Што се однесува до оваа песна, во неа текстот е поразличен затоа што тука вклучивме една фраза од социјалните мрежи, пред се инстаграм и има зборови кои се поинтересни за младата популација и се разбира луѓето и целата публика се пронајдоа себе си и во текстот и во песната, која е доста мелодичлна и многу лесно се запамтува. И денес кога одам на настапи, веднаш штом ја слушнат моите обожователи започнуваат да се веселат на неа и да ја пеат, а тоа ми создава задоволство и сум многу среќна. И пак да повторам мојата работа со Оцко, пред се со песните "В Инстаграм съм ти любима“ , „Да сме квит“, „Да й кажа ли“, тоа е таа наша линија на песни и во секој случај ќе продолжам да правам песни во таков стил. Но, во овој момент подготвувам нешто поразлично и сметам дека човек не треба да врви само по една насока и треба да покажува различни работи и кога има песни убави кои од прво слушање ќе те обеземат се разбира дека не ми е потребно многу време да изберам што да им предложам на обожователите. Потребно е време и да има само добри и квалитетни песни за да се забавуваат луѓето и токму тоа се случи во песната "В Инстаграм съм ти любима“ .

Што е одлучувачко една песна да најди место во твојот репертоар?

Во моментов доста ми е тешко да кажам како се врши изборот на песни, затоа што низ последните години работам доста многу повеќе за разлика од порано и кога веќе имаш доста добри песни, песни кои се памтат и изборот за нов проект ми е потежок за да изберам идна песна. Не е лесно, затоа што определено немам право на грешки, но пак од друга страна се радувам дека имаме во Бугарија интересни композитори со интересни предлози и се радувам кога ќе најдам компзитор кој ќе може сама мене да ме „пронајди“ како изведувач и песната која треба да изберам треба да ја осетам лично јас, да ја почуствувам за да ја предложам на луѓето.
Твојата музичка кариера има неколку балади кои оставија силен впечаток кај публиката. Подготвуваш ли нова во моментов?

Определено јас лично многу ги сакам баладите, но за жал во Бугарија се поретко се пуштат таков тип, затоа што бугасрите се повеќе  по веселите песни, имајќи во предвид дека баладите се тешки песни, во нив се пее за  разделби и на оваа етапа не подготвувам таква песна, затоа што се имам насочено кон побрзи песни, но се разбира ако ми излезе нешто многу интересно од таков тип на песна, веднаш би ја запишала.

Да очекуваме ли оваа година нов музички албум од тебе, или ќе го оставиш за во иднина, имајќи го во предвид фактот дека последниот ти излезе во 2005-та година?

Не правам такви планови, а имам доволно добри и убави песни низ минатата година и овие кои ги подготвувам сега и можам да ги соберам во еден албум, но во моментов целата енергија ја имам насочено кон создавање на убави нови проекти, отколку да издадам албум.
Одлично исполнуваш и народни песни, а последните ти две такви песни „Девойко мари, хубава“ и „Стано, стано“,  се примија одлично кај публиката. Да очекуваме ли повторни таков тип на песни од тебе?

Бугарскиот фолклор ми е слабост од секогаш, затоа што јас сум „задоена“ со таков тип на музика и имам завршено музичко училиште во Широка Лака и за мене исполнувањето на нардони песни е секогаш со задоволство.Низ минатата година направив три такви песни, од три различни краеви од Бугарија и оваа година на оваа етапа се немам фокусирано низ такви нови песни, затоа што имам доволно добри песни од Родопскиот крај на Бугарија како песната „Излел е Дельо хайдутин“,  која ми е подарок од Вања Балканска и една од најсилните песни за мојата земја и јас ја имав честа да ја испеам и да и дадам нов живот. Потоа „Девойко мари, хубава“ која е исто така со доста помодерен аранжман за да може и помладата публика да ја слуша и да ја насочиме кон тој тип на музика. Имам и многу македонски песни и една тракијска песна, но можеби оваа година ако ми остани време за таква музика ќе направам, но во моментов  целосно сум посветена на создавањето  на попфолк песни.

Но, имаш ли омилена македонска народна песна?

Омилена моја македонска песна, која вооедно е и моја визит картичка е песната „Македонска хубост“ (Македонска убавина) со која јас ја започнав мојата музичка кариера . Со неа се јавив на фестивалот „Пирин Фолк“ во град Сандански и тогаш како за прв мој јавен настап ги добив наградите на публиката и на телевизија „Планета“ и така сум горда дека таа убава песна е авторска и е лично моја. Се разбира имам и други народни македонски песни кои ми се омилени и ги исполнувам на моите настапи, пример како „Јовано, јованке“ и се разбирам јас сакам да пејам народна музика. Не можам да кажам пример дека македонската музика ми е омилена или родопската или пак од тракијскиот крај. Јас сум музичар и пејам народна песна од сите области и ги исполнувам од срце и со голема љубов.
Можеме ли да очекуваме од тебе самостоен народен албум?

Што се однесува до таков тип на албум, јас сметам дека имам доволно добри песни за еден таков, но засега определно ви кажав дека целата енергија ја насочив кон нови песни, спотови, целосно кон попфолк музика, но ако навистина моите обожователи сакаат да ги соберам сите песни на едно место, би издала албум. Сега ќе ви издадам една тајна, иако не сакам никогаш за ништо да зборувам пред време. Подготвувам една интересна песна, ако можам да стигнам да ја претставам оваа година. Таа нема да е типичен фолкор, туку една мешавина и пак ќе повторам ако посакаат луѓето јас би ги собрала песните на едно место, во еден убав албум и сум радосна и горда на се што имам испеано досега.

Се одликуваш со уникатен секси стил на облекување, кој не ги остава безразлични сите слушатели на попфолкот и ја истакнува твојата сексапилност. Кој се грижи за твојот изглед?

Мојот стил го определувам како секси изглед, затоа што можеби мојата енергија е таква и така делува надворешно. Искрено мене можете да ме видите во спортска облека, а веќе одма следниот момент да облечам нешто стилно и елегантно и да се претставам во друга светлина. Доста сум суверена жена која се грижи за себе си и за својот изглед и не би кажала дека некој баш се грижи за мојот стил, затоа што работам со различни луѓе, но ете една од моите работи по кои ме познаваат во Бугарија како Татјана пејачката е мојата олдична фигура, затоа што јас спортувам интензивно десет години и многу луѓе ми се доверуваат и сакаат да изгледаат по тој начин. Нормално е на пример да влезам во критерумите на една секси жена затоа што сум добивала и доста такви награди во Бугарија за најатрактивна жена или најсекси тело и не можам да кажам дека мојот стил е само секси. Пак ќе повторам, мене може да ме видете во најразлични варијантни на облека, од спортска до најелегантна се зависи од случајот каде треба да одам.

Најчесто слободното време го користиш за спорување. Зошто не издадеш книга со совети за одржување на здрав начин на живот?

Спортот кај мене не е само во слободното време, тој стана како мој начин на живот и пак ќе повторам, тренирам веќе десет години интензивно и сум многу задоволна, затоа што тука во Бугарија многу луѓе ми се обраќаат да им изготвам рецепти со здрави оброци и слободно можам да кажам дека многу луѓе се среќни и задоволни од промената која им помогнав да ја добијат. Сум размислувала за таква книга, но не толку многу сериозно. Можеби со тек на време ќе издадам, но засега не. Сега ми е хоби и ми е пријатно да соработувам со луѓе кои сакаат да го подобрат својот изглед и да станаат поенергични, послаби и моето хоби станува полека втора моја професионална работа.
Многу пати имаш гостувано во Македонија. Какви спомени имаш од тука?

Најсилниот мој спомен, на кој добро се сеќавам во почетокот на мојата кариера е коха настапив во Охрид со песната „Биди фер“ која стана една од најголемите моите хитови тука во Бугарија. Тоа беше еден момент кој никогаш нема да го заборавам, затоа што тогаш и потпишав договор со фирма „Пајнер“ и емоците ми беа незаборавни и Македонија за мене е омилена држава и имам доста позитивни спомени од моите настапи кај вас. Можам слободно да кажам дека можеби за прв пат професионално на сцена се качив во Охрид и тој миг нема како да го заборавам. Вооедно сакам да благодарам на композитрот кој ја создаде таа песна, а тоа е Хари Котларовски и заедно го направивме тој проект и оценката беше висока како за прв мој настап како нов изведувач и песната стана хит во Бугарија, а со него се немаме слушанто со години, ако има некој начин тој да види и да го прчита ова наше интервју, сакам од срце да го поздравам, да биди жив и здрав и да создава убави песни само.

За крај, која е твојата порака кон читателите на Estrada World?

Мојата порака кон сите читатели е да бидете живи и здрави, затоа што тоа е најважно и сите да ги следаат своите соништа, затоа што кога човек го следи својот сон тој е богат. Потоа да ги остаруваат желбите колку и тешко да им изгледа понекогаш.Бидете позитивни и слушајте само убави песни и се разбира да ги  очекувате моите нови песни во 2019-та година.


 Интервју: Наташа Секуловска за EstradaWorld
 Фото: Планета Тв
 Дизајн: Дејан Величковиќ www.dvisualart.mk

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.