Header Ads

(Видео) Марија мами воздишки во видеото за песната „Престъпно твоя“!


Бугарската пејачка Марија, после песната „Да ме гали“ со која ги освои срцата на публиката, одлучи да ги изненади своите обожователи со балада која носи наслов Престъпно твоя“.

Песната е по музика на грчкиот композитор  Фоебус (Phoebus) , со аранжман на Калин Димитров, додека пак емотивниот текст го напиша Анастасија Мавродиева. Видеото кое е снимено во Монако во Hotel Hermitage и ги истакнува убавите на градот, е дело на режисерот Николај Скерлев, а во него сексапилната пејачка блеска во црвен, цветен фустан на дизајнерот Ermanno Scervino от колекцијата пролет – лето 2019.


 .
„Нека ова биде мојот подарок за сите Вас оваа сезона“ – напиша Марија во нејзината официјална Facebook страница.

Но, во некои  медиуми се рашири веста дека песната е „крадена“  од српската пејачка Милица Павловиќ –Tako i mi trebaкоја е дел од нејзиниот албум „ Zauvek“ кој излезе минатата година. Напоменуваме дека компанијата „Пајнер“ ужива углед повеќе од 29 години на музичкиот пазар и досега не дозволила да издадат песна без уредни авторски права, па затоа и овој пат песната е уредно купена од страна на компанијата „Пајнер“ од грчкиот композитор Фоебус.

Во прилог, погледнете ја песната Престъпно твоя“:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.