Header Ads

(Видео) Кога ризикот се исплатува - Минифилм од Емилија и Денис Теофиков!


Емилија, која е добро позната на македонската публика со својот „ангелски глас“ заедно со новото пополнување во редиците на музичката компанија  „Пајнер“ Денис Теофиков ги изненадија пријатно сите љубители на попфолк музиката со нивниот прв дует.

Песната „Акула“ ја претставија со минифилм во кој покрај нив, главни улоги имаа  и актерите Башар Рахал  и Михаела Велкова, кои се погрижија видеото да изгледа како минисерија, во која љубовта има непроценлива вредност пред богатството и славата.

“Ризикувавме и го направивме. Завршивме еден голем и многу различен проект  за мене и за Денис. Шест дена снимања, шест дена многу чувства и емоции. Сите ние немаме трпение да излезе и вториот спот и да го завршиме проектот и сите да го видат крајот. Благодарам од срце на сите нашите слушатели и обожователи за подршката и позитивните коментари. Се беше реализирано заради Вас и ќе му кажам на мојот сопруг само едно: Те сакам!“ – сподели Емилија за телевизија Планета, најавувајќи го и вториот дел од проектот, кој се очекува да излези наскоро.
Музичкиот проект е по музика и текст на Diamond Beat Production и Анастасија Мавродиева, додека пак видеото го изработи Виктор Антонов, а во прилог погледнете за што станува збор: 

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ 

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.