Header Ads

(Видео) Милица Павловиќ повеќе од феноменална во спотот за песната „Status Quo"

Милица Павловиќ

     
Милица Павловиќ ги изненади своите обожователи со нова песна која носи наслов „Status Quo", која е различна од сѐ она што досега имавме можност да го слушниме од неа, што означува дека таа откако е на музичката сцена знае да направи нешто кое долго време ќе се слуша.

Песната е дело на Душан Башиќ, со аранжман на Дејан Николиќ. Видеото кое е дело на режисерот Душан Јаукловиќ изобилува со одлични кадри, во кои Милица  изгледа повеќе од одлично, затоа што српската пејачка како и секогаш умерено знае да ги поврзи жешките сцени со секси, заводлив изглед, кои се нејзина запазена марка долги години.


Во  прилог, погледнете ја песната:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Blic.rs

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.