(Видео) Рајна порачува „Ще ти мине”!
Рајна |
Попфолк дивата Рајна после неверојатниот успех
минатата година со песната „А бях ти казала“, ги израдува своите обожователи со
нова песна која носи наслов „Ще ти мине”.
„Како што ви ветив, оваа година ќе бидам
попродуктивна. Три месеци после успехот на песната „А бях ти казала'', ви ја
претставувам новата „Ще ти ''мине''. Специјални благодарности на целиот тим
кој вложи многу труд и енергија во овој проект.“ - изјави таа.
Рајна |
Музиката и аранжманот на песната се дело на
композиторот Мартин Биолчев, додека пак силниот текст е дело на Анастасија
Мавродиева и Росен Димитров. Режисер на видеото е Иван Димитров - Torex, со
камерман Иван Иванов.
Рајна доби позитивни коментари за песната од
страна на обожователи, кои ја оценија како проект кој заслужува да стани хит,
бидејќи во целост е извонреден, а пред се упатува со силна порака кон сите оние кои барем еднаш во
животот осетиле што е тешка разделба со сакана личност.
Во прилог, погледнете за што станува збор:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments