Header Ads

Тања Савиќ посвети песна на жртвите на семејно насилство!

Тања Савиќ

Српската пејачка Тања Савиќ, откако претходната година го издаде албумот Stranciкој во соседна Србија е прогласен за Албум на годината, својата многубројна публика ја израдува со чисто нова песна која носи наслов Siroče“.

„Секој човек кој макар еднаш во животот ќе удри жена, неизбежно е тоа повторно да го направи, без разлика дали е под дејство на алкохол или негативни емоции. Тие луѓе обично имаат најразлични изговори и оправдувања  и јас сакав преку оваа песна да привлечам внимание на оваа тема, затоа што такви слики се појавуваат секојдневно низ јавноста. Сметам дека треба да се посветиме малку повеќе на вистинските вредности, да го зачуваме семејството и шириме само љубов и позитивна енергија, затоа што љубовта има сила да го промени светот!“ - изјави Тања  за српските медиуми.

Песната која е дело на композиторот Саша Лазиќ и аранжман на Аца Крсмановиќ, предизвика бурни емоции, пред сѐ со емотивниот и силен текст кој порачува стоп врз насилството на жените, а видеоспотот нагласува да не се дозволува да се засегне молкот надвиснат над родовото насилство, охрабрувајќи ги жените и девојчињата кои се жртви на насилство и злоупотреба без страв да проговорат и да ја добијат потребната поддршка.


Во прилог, погледнете го видеото:

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Тања Савиќ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.