(Видео) Бони: „Нека да бидеме полни со љубов и да не се повредуваме“
Бони |
Една од емблемите на бугарскиот попфолк Бони,
после неверојатниот успех на дуетот „Време е“ со Емир Џуловиќ која ја
претстави минатата година и веднаш се претвори во една од најслушаните песни на
годината, одлучи своите обожователи да ги израдува со нова песна.
Баладата „Дявол и кръст” е најновиот видеоспот на пејачката кој може
да го гледате во официјалниот канал на пејачката во YouTube – Boni (Official)
Баладата е по музика на Саша Лазиќ, аранжман на Аца Красмановиќ, со текст на Мариета
Ангелова, додека пак режисер на видеоспото е Добромир Николов.
Бони |
„Ви ја претставувам песната „Дявол и
кръст” која ја испеав со многу љубов. Со порака за
тенката граница помеѓу љубовта и омразата. Нека да бидеме полни со љубов и да
не се повредуваме. Со љубов, ваша Бони“ - сподели таа.
Бони |
Во прилог, погледнете ја баладата:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Бони
No comments