Header Ads

Роксана и Софи Маринова го снимаат својот прв дует!

Роксана и Софи Маринова


Две најпознати пејачки во соседна Бугарија одлучија нивните обожователи да ги израдуваат со прв дует, за кој сме сигурни дека ќе зборува цела соседна Бугарија, но и поширокиот реон.

Станува збор за Роксана и Софи Маринова -познати ромски пејачки кои пленаат со својот талент и уникатен глас. Песната е веќе готова и на 3-ти февруари е закажано снимањето на видеоспотот, кој се очекува веднаш после тоа да биде ексклузивно претставена по телевизија Планета.

„Режисер на видеото ќе биде мојот пријател и неверојатен професионалист Христо Порјазов, со кој веќе имам работено во моите претходни проекти „За тебе, бебе “ и „За теб живях“.  Камерман ќе биди Радослав Георгиев – Багера.  За нашиот стил ќе се погрижи Fashion Gallery Esil Duran“. – ни откри Роксана.
Роксана

Ексклузивно ви откриваме дека песната е дело на познатиот композитор Спас Лазаров, додека пак текстот го напиша Мариета Ангелова, а ова е само дел од проектите кои ни ги има подготвено Роксана за оваа година.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.