Header Ads

Ексклузивно: Наскоро во продажба излегува петтиот народен албум на пејачката Рајна

Рајна


Бугарската пејачка Рајна ги израдува своите обожователи со веста дека е готов нејзиниот петти народен албум, кој се очекува да излези наскоро.

„Немам трпение да ги слушнам реакциите на луѓето кога ќе ги слушнат песните, затоа што песната „Моя Българийо, една” која е авторска песна го даде наслвоот на албумот и смело можам да кажам дека сите песни кои се вклучени во него се доста различни и истиот содржии мелодии од областа на Тракија, Добруджа, а има дури и едно Дунавско оро“- откри таа во емисијата “Песните на България” по Планета Тв.
Рајна

Ексклузивно ви откриваме дека новиот албум ќе содржи 12 песни и за неа народната музика е скапоцена и мило и е што публиката успешно ја прифати и како изведувачка на народни песни:

„Јас никогаш не ги разделувам двата жанра. Секогаш ги правев работите паралелно  и уште во почетокот на мојата кариера јас изјавив дека сакам да исполнувам народни песни, иако тогаш не го добив  одобрувањето од страна на нашата фирма, затоа што тие во тој момент сметаа дека јас ќе го поделам вниманието на обожователите од попфолк жанрот. Значи еден човек треба да има имиџ искрено кажано и така да те препознаваат.  Но, јас уште тогаш решив дека ќе одам на две патеки  и знаев дека тоа ќе биде многу тешко и дека ќе ги поделам луѓето од едниот и од другиот жанр, бидејќи  двата жанра се допират еден со друг и си сметаат, но решив да го направам тоа и во никој момент не зажалив, затоа што репертоарот кој го имам од двата жанра и  кога ќе одам на настап, секогаш има песни кои  и луѓето сакаат да ги слушнат. Така да, јас не сметам дека тоа ми ја попречи да бидат попозната фолк изведувачка или обратно. Напротив сметам дека двете работи се надополнуват едно со друго и дека ми помогнаа во целост на изградувањето на мојата кариера.  Инаку тоа е можеби малку под влијание и од мојот хороскопски знак Вага, затоа што сум многу амбициозна  и мислам дека балансирам добро и помеѓу двата жанра и ги имам хитовите и настапите“ - сподели таа во текот на нашето интервју во 2018-та година.


Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.