Header Ads

Влатко Лозаноски со песната „Мајко“ освои награда на MAC во Белград



Влатко Лозаноски - Лозано


Македонскиот славеј на музиката Влатко Лозановски – Лозано доби големо признание на Music Awards Ceremony во Белград, Србија, каде што  македонскиот музичар освои награда за песната „Мајко“ во категоријата ПопФолк Нумера.

Имено, откако минатата година направи извонреден концерт во Скопје и одржа помали концерти во сите останати општини во нашата земја, Лозано ја воодушеви публиката со песните „Мајко“ и „Надеж“ која се бореше во категоријата Поп нумера од машки изведувач на наградите, претставувајќи повторно нешто извонредно за вистинските ценители на македонската музика, која и достојно беше наградена.

Во прилог погледнете дел од атмосферата:



Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.