Ивана: „Подготвувам нов музички албум“
Ивана |
Ивана - кои многумина ја нарекуваат „душата на попфолкот", а други - „пејачката на народот", пред весникот „Всичко за семейството” (Се за
семејството) во соседна Бугарија, ексклузивно и отворено говори за музиката
и личниот живот.
„Секогаш сакам во што и да е, дури и во едно
обично постирање на социјалните мрежи, во една песна, да има мој знак. Да не
е само качено или направено, затоа што некој друг веќе го правил нештото и јас да тргнам по неговиот
пат, кој е добро познат на другиот пред мене. Луѓето понекогаш не знаат да се
шегуваат и не ја разбираат самоиронијата, која јас ја обожавам. Многу често ја
користам и во интервјуата и во секојдневието“- искрена е Ивана.
Ивана |
Исто така, пејачката меѓудругото одговара и
на прашањето дали оваа година ќе издаде нов музики албум, иако искрено албумите
веќе станаа еден вид на луксуз и не се издаваат често, имајќи во предвид да
сите нови песни се поставени на дигиталните сајтови.
„Тоа ќе се песни кои низ последните 6 - 7
години излегоја во различни албуми, но неа беа собрани во мој самостоен албум.
И така можеби останаа незабележани“ - дополни таа.
Во меѓувреме Ивана се радува на огромен успех
на нејзината последна песна „Аз съм твоя”, која постојано жниее успеси и во
првите 10 места на најслушани песни во соседна Бугарија.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments