(Видео) Погледнете кој дует е остварена желба на пејачката Роксана
Роксана и Софи Маринова |
Роксана и Софи Маринова, вчера официјално по
телевизија Планета го претставија нивниот прв дует кој носи наслов „Един живот“
(Еден живот) и за кој сме сигурни дека ќе зборува цела соседна
Бугарија, но и поширокиот реон.
Песната која предизвика огромен интерес уште
со самата појава, за нецели 24 часа регистрира над 200.000 прегледи во
официјалниот канал на телевизијата во YouTube.
Истата е дело на Роксана, Спас Лазаров и Мариета Ангелова. За видеото се
погрижи режисерт Христо Порјазов, а во него имаме можност да го видиме синот на
Роксана - Даниел, додека пак за изгледот на двете изведувачи се погрижија на
Fashion Gallery Esil Duran (стилилст), Борислав Соколов - Бони (шминка), Емилио Стефано и Никола Филаретов (коса).
Роксана и Софи Маринова |
Овој проект за Роксана е една реализирана
желба, за која мечтаела уште од мала, споделувајќи дека за прв пат ја слушнала
Софи Маринова кога била во трето или четврто одделение на училиште.
„Да запишеш песна со пејачка од која црпиш
инспирација 20 години е нешто, кое не може да се опише со зборови“- дополни таа
за нас.
Исто така, сношти во познат клуб во Софија се
одржаа 2-ри Годишни музикални награди, а Роксана доби награда за Балада на 2019
година за песната „Спомени“.
Во прилог, погледнете ја песната „Един живот“:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments