(Видео) Емрах Стораро и Теди Александрова ги собраа овациите на публиката со песната “Сърце мое”
Теди Александрова и Емрах Стораро |
Емрах Стораро и Теди Александрова по повод
30-тиот роденден на нивната матична продукциска куќа „Пајнер“ изненадија со
својот прв дует, кој е чиста десетка и ги освои симпатиите на слушателите на
попфолк музиката.
Младиот пејач повторно заложува на дует,
откако ги пушти хитовите минатата година со неговите колешки Малката, Алисија и дуетот со неговиот татко
Тони Стораро. Потсетуваме дека тој на музичката сцена се појави 2018-та година
со дуетот со неговата колешка Емилија -
„По такива си падам“ (По такви си паѓам), но иако е малолетен се уште истиот е на подвик
на завидна музичка кариера.
Емрах Стораро и Теди Александрова |
Песната „Сърце мое” (Срце мое) е дело на двата изведувачи заедно со
композиторот Даниел Ганев, додека пак текстот е на Теди во соработка со
писателката Соња Ангелова. Режисер на видеото е Николај Скерлев.
No comments