Header Ads

Галена: „Се надевам нема никогаш да се променам и ќе работам со истата страст“

Галена


Галена која е добро позната на македонската публика, пред некој ден прослави успешни 16 години на музичката сцена.

По тој повод таа прослави со своите обожователи и колеги, во познат клуб, каде што имаше подготвено изненадување за присутните гости. Имено, секој нејзин обожовател кој ќе дојди на наредните настапи кои се закажани низ цела Бугарија, поклон ќе добие лимитиран календар со автограм од неа.

„Се надевам нема никогаш да се променам и ќе работам со истата страст“ - искрена е Галена во емисијата „Мармелад“, додавајќи дека е благодарна на своите родители за нивната доверба кон неа.  „Можеби таа грижа и самостојност  што тие ми ја даваа мене, истата денес им ја пренесувам и на моите синови. Благодарение на тоа што бев самостојна, јас се изградив како личност и сум толку многу упорна во се“.


Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.