Header Ads

Елена Јовческа одржа незаборавен концерт во Данска

Елена Јовческа


Елена Јовческа, нашата амбасадорка на музиката овој период е доста активна на сцената, работејќи интензивно на нови песни.

Имено, минатиот месец по повод празникот Водици таа настапуваше за првпат во Копенхаген, Данска, каде што настапот и беше повеќе од одличен, со преполна сала, многу позитивни емоции и нови пријателства, за што сведочат многубројни слики и видеа од настапот.
Данска

Данска

Песната „Машала“ која повторно заживеа во нејзина изведба, беше една од најбрананите песни на настапот, а публиката пееше во еден глас со неа, со неумора и стари и млади, со што музиката повторно докажа дека не познава граници и возраст, а што сведочат сите кои присуствуваа на концертот.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.