Header Ads

(Видео) Галин ги освојува музичките топ листи со нов авторски хит „Дилема“

Галин


Дилема е насловот на првиот музички проект на познатиот миленик на бугарската музичка сцена - Галин за оваа година, кој за радост на неговите обожователи ги израдува со чисто нова песна, која за нецели 24 часа регистрира 300.000 прегледи во официјалниот канал на телевизија Планета во You Tube.

Песната е авторско парче на самиот изведувач, со аранжман на композиторот Дејан Асенов, додека пак за текстот се погрижи неговата колешка Диона. Видеото кое го привлече вниманието на фановите, оставајќи позитивен впечаток е дело на режисерот Виктор Антонов,  во кој учествува и моделот Доби Тафкова.
Галин

Во прилог, погледнете го видеото:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.