Преслушајте го новиот албум “Sedum” на Маја Беровиќ
Импресивно убава,
интригантна и талентирана, Маја Беровиќ е меѓу
имињата на естрадата кои смело воведуваат иновативен дух во современата
музика на Балканот, но и пошироко. За кратко време стана ценета и барана,
вооедно редејќи хит зад хит, а денес го претстави својот
најнов музички албум “Sedum”, кој со самата појава веднаш го
привлече вниманието на публиката.
После точно една
година откако се појави албумот “ViktorijinaTajna”, кој стана еден од
најпродаваните албуми низ целиот регион и со кој ја започна соработката со Буба
Корели и Јала Брат, таа одлучи својата публика да ја израдува со нешто ново од
неа.
Имено,
албумот “Sedum” за неа има посебна симболика, затоа што
е родена во седми месец во годината и денес го прославува свој роденден, а
вооедно ова и е и нејзиниот седми студиски албум во нејзината музичка кариера.
„Мојот тим и јас
секогаш зборуваме за новите планови и размислуваме околу новите работи, ама јас
сум тип на човек кој сака да зборува за било што, додека не го реализирам. Не
сакам баш многу да планирам, бидејќи тие планирани работи по неко непишано
правило, често пати и не се исполнуваат.“- сподели Маја за нас во
екслузивното интервју кое ни го даде пред извесно време.
Албумот содржи девет
чисто нови песни, кои се дело на Буба Корели и Јала
Брат, кои се погрижија и овој албум да биде нешто различно и досега
невидено од сексапилната ѕвезда, додека пак за нивниот аранжмант беа задолжени
Марко Драгиќ – Пабло и Римда. Седум од феноменалните спотови од кои дел од нив
се снимени во Куба ги изработи продукцијата “Toxic”, а другите два се дело на
"Ïmperia“.
Новиот албум на Маја од
идната недела ќе излези во продажба и ќе биди достапен на сите дигитални платформи, а наскоро и со CD за сите љубители на носач на звук, додека пак видеоспотовите веќе се објавени на
YouTube и сите девет песни може да ги погледнете во продолжение:
Фото - Маја Беровиќ (лична архива)
No comments