Header Ads

Алисија сними нов видеоспот во Португалија


Една од ѕвездите на музичката бугарска компанија „Ара Мюзик“  - Алисија го претстави својот најнов видеоспот „Запали“, во ефирот на Фен ТВ, Balkanika Music Television и в YouTube каналот FENTV Bulgaria.

Музиката на песната, која овој пат е малку поразлична од се она што досега сексапилната пејачка ни има претставено оваа година е дело на композиторот Даниел Ганев, со текст на Мариета Ангелова.

Видеотo е снимено во луксузното португалско одморалиште Фару, изобилува со прекрасни кадри од Португалија, во кое Алисија ја открива својата одлична фигура.

„Кога патував за Португалија немав план да снимам спот. Го имав запишано мојот син Валери во еден камп за 2  седмици и кога зедовме една куќа во Фару, едноставно се вљубив во тоа место. Веднаш позбрзав да го донесам и мојот тим таму и направивме едно преубаво видео со летно распложение, кое се надевам ќе им се допадне на моите обожователи“ – сподели Алисија за нас.

Автор - Наташа Секуловска
Фото -   Ара Мюзик

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.