Румина и Кеба со заеднички настап во Велинград
После големиот старт на фестивалот „Балканска
магија“ на 19-ти јули во Велинград, градоначалникот на градот во организација со Фен
Тв, подготвија богата музичка програма за да се забавуваат сите присутни гости
на стадионот „Чепинец“.
Оваа вечер на големата сцена ќе настапи бугарската пејачка Румина, која
минатата година се врати повторно на музичката сцена, откако се повлече за да се
посвети на семејството и на својот син Мајкал.
Сексапилната бугарска пејачка има подготвено
за сите присутни богата ритмична прорама од своите најдобри песни, меѓу кои ќе
биде вклучен и нејзиниот најголем хит
кој ја обележа нејзината кариера „Жестоко“, а за прв пат ќе биде претставена песната
„Тая
ненормална“ која повеќе од месец дена ги држи првите мести на музичките топ
листи во соседна Бугарија.
На сцената покрај Румина, ќе настапи и познатата српска
легенда Драган Којиќ-Кеба со својот бенд, изведувајќи ги своите најголеми
хитови на живо, а пред извесно време го претстави и својот прв дует со неговата
колешка Преслава кон песната „Bogovi zemljom hode“, предизвикувајќи лавина од
позитивни коментари не само во Србија, Бугарија, но и низ целиот Балкански полуостров.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива
No comments